Вкупно 3025 граѓани се најдоа на листата на одобрени потврди за користење на средства за организиран одмор во износ од 12.000 денари која беше објавена од страна на Министерството за економија листата.
Голем број на граѓани имаа негативни реакции по објавата на листата. Граѓаните се незадоволни од изборот на Министерството за економија за ваучери за летување. Тие прашуваат по кој критериум се одбрани добитниците на ваучери?
Ова се дел од коментарите на социјалните мрежи:
Пола Чаир добитници? ; Овие само од ДУИ ли се?; Ова рамковно или гласачко?; Македонци 25%. Браво?; Јака листа од Крешник, колку проѕирно; А кај е Љутви Весели од Дебреше?
Партијата „Твоја“ чиј лидер е професорката Мирјана Најчевска бара Државната комисија за спречувањ ена корупцијата и Јавното Обвинителство да покренат постапка за предизборен поткуп.
На крајот од летото, на само 2 дена пред новите рестриктивни мерки, во време на веќе распишани локални избори, Владата доделува финансиска помош, што претставува класичен предизборен поткуп. Целосната листа на одобрена финансиска помош можете да ја погледнете на следниот линк и да донесете заклучок сами https://www.economy.gov.mk/aa/doc/3015. Доколку сакате да пребарувате по градови, за Битола треба да впишете биупла, за Чаир треба да напишете Шаир, стои во објавата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.