Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки до Управни и надзорни одбори за избори на нови членови.
Од Владата соопштија дека на НО на АД „Електрани на Македонија“ му е препорачано Васко Ковачевски да биде избран за член на УО, кој ја извршува функцијата генерален директор.
Владата на Република Македонија му препорачува на Надзорниот одбор на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација (М – Нав) АД Скопје, за член на Управниот одбор да го избере Александар Палчевски, на претставникот на акциите и на уделите во сопственост на Владата во АД „11 Октомври – Еурокомпозит“, му препорача да го отповика Златко Граороски од должноста прв извршен член на Одборот на директори и генерален директор, и на тоа место да го именува Милан Тоцев.
За член на Инспекцискиот совет денеска е именуван Керамедин Селими, откако на денешната седница беше разрешен од оваа должност Горан Симоновски.
Претходно денеска, премиерот Зоран Заев на прес-конференција го најави разрешувањето на десетици директори на јавни претпријатија и членови на управни одбори, меѓу кои и директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ, Сашо Василевски и Драган Миновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.