Земјоделците од Росоман денеска го искажаа својот револт така што ги фрлаа праските, разочарани и гневни од односот на владата и ниската цена на откуп. Тие најавија и штрајк доколку министерот за земјоделие не преземе сериозни мерки за решавање на нивниот проблем.

Како што истакнале росоманските земјоделци, веќе две години наназад не ја берат оваа сорта на праски, а пред две години дури и штрајкувале, па министерството излегно со мерки за олеснување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.