Откако пред пет дена државава воведе забрана за увоз на икри и млади риби од Косово а оттаму експресно излегоа со контрамерка, првиот човек на земјоделство Димковски најави дека сериозно ќе се пристапи кон решавање на проблемот за да не се продлабочат трговските бариери.

Министерот вели, се додека косовските власти не излезат со конкретните докази и сертификати за квалитетот на рибата, таа ќе се третира како небезбедна за нашиот пазар а дотогаш ќе се почитуваат европските норми за контрола на квалитет.

-„Немаат експлицитна забрана затоа што тие производи се од Косово, туку мониторингот кој треба да го применуваат важи и за други држави. Доколку докажат дека го спроведуваат тој мониторинг, апсолутно не е никаков проблем. Работиме за да добиеме дозвола која ја очекуваме следната година за извоз на свежа риба од Македонија кон европскиот пазар, затоа стандардите се покачени.“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.