Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески се сретна со претставници на синдикатот на индустрија, енергетика и рударство и претставници на вработените на кои им е престанат работниот однос во компанијата „Еурокомпозит 11 Октомври“ од Прилеп и притоа ги ислуша нивните барања.

Според соопштението од Владата на оваа средба билое предложено во понеделник, 10-ти јуни, да се одржи состанок во поширок состав, на којшто освен претставници на Владата, ќе присуствуваат и директорот и останатите раководни органи во „Еурокомпозит 11 Октомври“, претставници на здружението на лицата на коишто им престанал работниот однос во фабриката, претставници на синдикатот на вработените во компанијата, како и претставници од Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство на кој би се разгледале сите барања од сите засегнати страни, ќе се утврдат приоритети и ќе се пристапи на креирање на динамички план за реструктуирање на оваа компанија во државна сопственост.

Претседателот на Владата Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за финансии д-р Драган Тевдовски, поради тоа што во моментот се на службено патување во Брисел, каде присуствуваат на форум во организација на ЕБОР и поради тоа не беа во можност да се сретнат со нив, стои во соопштението од Владата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.