По обемни претходни консултации со Советот на странските инвеститори во
нашата земја, владата усвои одлука увозните давачки – царинските стапки за
одделни производи (компоненти) потребни за производство на технолошко
напредни производи во 2020 година, да се намалат за 50% со цел да се
зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија која произведува
технолошки напредни производи.

Со оваа одлука висината на овие царински давачки ќе се приближи кон
царинските стапки што се применуваат во Европската унија, што значи ќе се
овозможи да се подобри конкурентноста на домашните компании и поголема атрактивност на земјата кон привлекувањето на нови компании со странски капитал од различни стопански сектори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.