Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2022 година, увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се пониски за 6.9 % на месечно ниво и повисоки за 85.8 % на годишно ниво.
Индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба. Главни корисници на податоците за индексите на увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците од овој оддел во калкулациите при склучувањето на градежните договори, соопшти ДЗС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.