Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата и го прифати усогласениот текст на Договорот за грант за партнерство за развој меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави.
Договорот за грант во висина од 8.258.792 американски долари е наменет за зајакнување на економска конкурентност, на проекти за зголемен придонес на младите во општеството, како и за проекти за сузбивање на корупција преку зголемена отчетност на јавниот сектор и со зајакнување на културата на отчетност кај граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.