Утре ќе се знае дали граѓаните на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум ќе му плаќаат поскапа или поевтина струја. Регулаторната комисија за енергетика точно напладне ќе ја објави новата цена, отако ќе ги разгледа пресметките на трошоците од енерегeтските компании ЕВН ХОУМ, Мепсо и Електродистрибуција, објави Сител.

Во пресметката која универзалниот снабдувач треба да ја достави до РКЕ, влегуваат трошоците кој ќе го сноси компанијата за набавка на струја, за пренос кон МЕПСО, трошок за дистрибуција и плус влегува маржата од 11, 5 проценти која ја доби на тендер за избор на универзаелен снабдувач. Односно во цената на струјата отсега најголемо учество или 50 отсто ќе има трошокот кој ќе го плати унивезралниот снабдувач за набавка на потребните количини.

Според новиот закон за енергетика РКЕ повеќе нема обврска да ја утврдува цената на државните електрани. Компанијата според правилата од своето вкупно производство треба да понуди 80 отсто на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, а цената ја утврдиува самата компанија врзџ основа на пазарните услови. Неофицијално ЕВН ХОУМ веќе ги обезбедила потребните количини електрична енергија за граѓаните и малите поторшувачи на вчерашната аукција.

Од први јули универзалниот снабдувач ќе има обврска да обезбеди струја за сите домаќинства кои со либерализацијата не излегоа на слободен пазар. Сметки наместо од ЕВН Македонија тие ќе добиваат од ЕВН ХОУМ. Според регулаторот засега либерализацијата на пазарот на струја е поисплатлива за фирмите отколку за домаќинствата, затоа што тие на слободен пазар ќе плаќаат од 25 до 30 проценти поевтина струја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.