УСС-УКИМ побара во отворено писмо брза имплементација на владините мерки за студентите.

На студентите им е потребно сместување за време на испитната сесија!

Бараме:1. Брза имплементација на владините мерки за студенти, особено на ваучерите за сместување и/или партиципација.

2. Отворање на студентските домови во текот на целото лето, со воспоставување најстроги протоколи за заштита од COVID-19.Универзитетското студентско собрание при УКИМ денеска испрати барање за информации за имплементацијата на мерките за финансиска помош на студентите и вклучување на УСС-УКИМ во процесот на имплементација.За владините мерки најавени на 17 мај, студентите сѐ уште немаат информации на кој начин ќе бидат имплементирани, како и за условите за аплицираање за ваучерите.Министерството за образование и наука мора брзо да објави како ќе бидат имплементирани економските мерки за студенти и во најкус можен рок да започне со нивна имплементација. Овие средства се неопходни за студентите кои ќе имаат дополнителни трошоци поврзани со своите студии во месеците јуни, јули и август.Студентите кои се сместени во студентските домови ќе имаат потреба од нивните сместувачки капацитети во текот на целиот летен период, како би можеле да присуствуваат на практичната настава и испитните сесии кои ќе се одвиваат во месеците јуни, јули, август и септември. За таа цел, бараме студентските домови да работат во текот на целото лето, со посебен режим кој ќе ја гарантира безбедноста на студентите кои престојуваат во студентските домови.За безбедна работа на студентските домови бараме да биде подготвен посебен протокол и мерки за спречување на ширење на вирусот. Со оглед на тоа што почитувањето на протоколот е од екстремна важност, како за студентите, така и за персоналот на домовите, предлагаме секое непочитување на протоколот да биде санкционирано со најстрога дисциплинска мерка – исклучување од студентскиот дом.Бараме брз одговор од надлежните институции, а секоја задоцнета реакција ќе ги продлабочи проблемите и неизвесноста кај студентите. Студентите треба да се фокусираат на испитната сесија, без товарот од егзистенцијалните прашања.

Во коментар барањето испратено до Министерството за образование и наука.

Со почит,

УСС-УКИМ

📢 Почитувани,

На студентите им е потребно сместување за време на испитната сесија!

Бараме:

1. Брза имплементација на…

Posted by Универзитетско студентско собрание – УКИМ on Tuesday, May 26, 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.