Директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми, во емисијата „24 анализа“ изјави дека под лупа на институцијата со која тој раководи се уште две до три банки, кои постапувале слично како Еуростандард банка.

Според Муареми, разликата е во тоа што овие банки го искористиле заложното право, односно кредитите од самата банка – за купување акции за сопствени потреби на сопствениците на тие банки.

Во врска со случајот Еуростандард банка, Муареми рече дека постапуваат по наредба на јавното обвинителство. Кога почнале да истражуваат во самата банка и добиените банкарски сметки на одредени фирми, со дадени ризични кредити, утврдиле голема мрежа, дека не се 140 фирми, туку повеќе.

Од целата територија има фирми кои се дел од тие кредити без покритие и сме на добар пат да докажеме каде завршиле парите. Веќе почнавме предистражна постапка за две-три банки кои постапувале на случен, но не ист начин, вели Муареми.

Разликата од Еуростандард банка е во тоа што овие банки го искористиле заложното право, однсосно ги искористиле кредитит од самата банка за купување на акции за сопствени потреби на сопствениците на тие банки со парите на банкките.

Првиот човек на Финансиската полиција рече дека секогаш кога се работи за јавните пари секогаш постои ризик на корупција. Корупција постои при давање, доделување и оформување на јавните набавки кои се дадени од буџетските фондови и дека тие како финансиска полиција ги следат тие појави.

Нашата цел е да се утврди одговорност при доделување на јавните набавки во самата постапка и секој бара кај завршуваат пари. Не секогаш парите завршуваат во државата, туку и се прелеваат надвор до земјата кога се работи за одредени провизии и проценти на доделувањето на договорот на јавни набавки и голем дел од корупцијата доаѓа од тоа, вели Муареми.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.