Уште една офшор компанија од Кипар која е формирана пред еден месец влегува во бизнисот со медицинска марихуана, објави „Фокус“. Станува збор за ГМ ЛАЈТ МЕДИКАЛ.

Според податоците од Централниот регистар, оваа компанија е основана само еден месец пред да ја добие лиценцата (11.12.2019), при што како сопственици се јавуваат две офшор компании со седиште во Кипар – Блек Глов Солушнс и Крикамара Инвестментс, додека управител е Гркот Констатинос Караниколау.

Како што веќе објави Фокус, неодамна лиценца за медицинска марихуана добила уште една кипарска компанија – Њу Гарден Фарма, односно Њу Гарден Фарма Лимитед, како и уште неколку други компании, меѓу кои Ендо Кана, Греен Медикал, Лифе Плант, ЦБД Медлплант, Канбио Медикал.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.