Сметам дека е се уште рано да размислуваме за отворање на аеродромите заради тоа што тоа отвора понатаму сериозни прашања за тоа од каде доаѓаат луѓето, голем број на граѓани ќе стигнат, кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Тој потсети дека сè уште е на сила препораката за државните карантини и тоа останува сега засега.

Не размислуваме за промена на оваа стратегија, но како што најавив пред неколку дена се уште траат овие консултации со локалните земји за некаква форма на регионален пристап – кажа Филипче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.