Не престанува да се гради во елитната струшка населба Елен Камен иако општината не издала дозвола за градба.
Во одговор на барањето за слободен пристап до информации од јавен карактер испратено до граѓанското здружение Охрид ЅОЅ општина Струга потврдува дека за локацијата на фотографијата е државно земјиште и општина Струга нема издадено дозвола за градба.
Сепак, тоа не е пречка да продолжи изградбата на викендици на местото.
Сопствениците на викенд-куќи во населбата досега многупати реагираат во јавноста и пред надлежните институции дека бесправно се гради непосредно до самото езеро и се врши сеча на шумата. Со бесправната градба на десетина метри од крајбрежјето на Охридското Езеро се загрозува стабилноста на некои објекти и на пристапниот пат, а веќе е уништен и паркинг простор на државно земјиште.
Постои сомнеж дека овој ископ не е изведен согласно постојната законска регулатива и од тие причини бараме институциите да извршат увид и надзор и да преземат соодветни законски мерки за спречување на уништувањето на природата и загрозување на животите и имотите на луѓето, пишува во пријавата од 2018 година.
Сопствениците на викендици во оваа населба, понатаму, тврдат дека од формирање на населбата Елен Камен, на локалитетот на кој се изведуваат градежните активности, во изминатите години постоел времен објект – продавница на „Струшка трговија“ за дневно снабдување на корисниците на викенд населбата, кој работел само лете.
Пред извесно време кога почна расчистувањето на теренот дознавме дека продавницата времен објкет од пластика, е купена, и дека истата е впишана како станбен објект во ИЛ.50683 за КО Радожда на име Миртиши Аљие КП.4/52 со ЗПЗ 29-м2, со намена А1-1 станбени куќи со дворови-самостојни. Бараме Државниот правобранител и Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) да проверат што всушност се случило и дали е ова законски, повикуваат уште во 2018 година.
Станува збор за оваа локација. Во катастар е заведен објект од 29 квадратни метри, кој е урнат пред три години, како што потсетивме. Сега повторно се гради колку за да постои. Градбата беше запрена само додека се пишуваше во медиумите за да се замачкаат очите на јавноста, реагираат денеска сопствениците на викенд куќи во населбата.
Дивоградбите во Елен Камен со години ги полнат страниците на црната хроника.
Последен евидентиран случај е од 20119 година, кога дивоградба во населбата однесе човечки живот. При изведување градежни работи, работникот Џ.А. (49) од Струга бил удрен од црево кое се откачило од пумпа за бетонирање и им подлегнал на повредите.
И тогаш стружани преку медиумите предупредија дека во последно време таму има многу диво градење од страна на граѓани со албанско етничко потекло, со дозвола на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.
Новиот сопственик на куќата на Ашим, со месеци правеше базен. Бетон се налеваше од цистерна паркирана пред куќите на Костојчиновски и Гигови, преку нивните кровови. Тоа утро повторно налеваа бетон, возилото не беше стабилизирано, па едното тркало пропадна во септичката јама, пред гаражата на Гигови. Цистерната се навали и цевката згмечи еден од работниците кај базенот. Дури откако се случи тоа, го стабилизираа возилото, ама беше доцна. Човекот почина, за жал – раскажува мештанинот и додава дека во изминатиов период е направена и голема материјална штета и очекува сопственикот на куќата да ја санира.
Повеќе за овој случај прочитајте ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.