Ретроактивниот додаток на платата за септември и октомври од 35 проценти може скапо да го чини Судскиот совет. Синдикатот на УПОЗ најави кривична пријава за претседателот на советот Зоран Караџовски, а Обвинителството отвори предмет по допрен глас.

Обвинителството ќе ја испитува основаноста на донесените одлуки за исплата на додатоци на плата за членовите на Судскиот совет и извршената исплата. Надлежниот јавен обвинител истражува евентуална кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и овластување и нанесена штета на Буџетот на Р. Македонија со исплата на додатоците кои не се пропишани со Законот за плати на членовите на Судскиот совет.

Синдикатот на УПОЗ во понеделник ќе поднесе кривична пријава против Караџовски за злоупотреба на службената положба. Судската администрација е револтирана бидејќи долго време бара покачување на платите. Синдикатот и Здружението на судска администрација велат дека не се против исплатата на додатоци на плата за судиите бидејќи тоа им следува законски, но не се согласуваат со одлуката за ректроактивна исплата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.