Собранието на 31 мај 2019 година е свикано спротивно на постоечкиот Закон за сметководство и сметководствени работи. Управниот одбор веќе третпат закажува Собрание кое треба да се одржи на петти јули  каде ќе може да се дискутира за сите прашања кои се однесуваат на работата на ИСОС, велат од Управниот одбор на Институтот за сметководилите и овластени сметководители (ИСОС) во соопштението за јавноста.

Според УО на ИСОС во целост се неосновани наводите дадени од страна на Надзорниот одбор за наводно попречување на работата на ИСОС од страна на Управниот одбор, при што евидентно од известувањето е дека не е наведен ниту еден доказ, не е наведена ниту една активност со која на било кој начин е попречена работата на ИСОС.

Надзорниот одбор паушално се повикува на наводно генерално незадоволство на членовите на ИСОС поврзано со работата на Управниот одбор, без притоа да се посочат јасни факти и докази за наводното незадоволство. Овие наводи не само што се невистинити, туку јавно и директно ги навредуваат членовите на Управниот одбор, кои во изминатиот период превзедоа сериозни активности и учествуваа во постапката за донесување на измени на Законот за сметководители и овластени сметководители, кои измени во целост ќе ги разрешат сите спорни прашања поврзани со работата на ИСОС (што е во интерес на сите членови), велат од УО на ИСОС.

Според нив, по однос на информацијата за закажано Собрание на ИСОС за ден 31 мај 2019 година, ги известуваме сите членови на ИСОС а и пошироката јавност, дека ова Собрание е свикано спротивно на постоечкиот Закон за сметководство и сметководствени работи, и дека Управниот одбор веќе по трет пат закажува Собрание кое треба да се одржи на 05.07.2019 година, каде ќе може да се дискутира за сите прашања кои се однесуваат на работата на ИСОС.

Нашите членови мора да бидат свесни за фактот дека без да биде дадено позитивно мислење од страна на Министерството за Финансии на РСМ, невозможно е да се пристапи кон избор на нови членови на Управниот одбор на ИСОС. Во ситуација кога во тек е постапка за донесување на измени на постоечкиот закон кој ја уредува работата на ИСОС, сметаме дека не смее да се дозволи да се спроведуваат било какви промени без притоа да има согласност од страна на Министерство за Финансии на РСМ.

Во прилог на ова известување доставуваме и копија од изјавата на вработената Ирена Аќимовиќ, вработена на позицијата координатор на проект при ИСОС, од која изјава може да се донесе заклучок за методите со кои се користи Надзорниот одбор во ситуација кога сака да спроведе дејствија за кои сметаме дека се спротивни на позитивно правните прописи во РСМ. Се надеваме дека по пат на ова писмено известување успеавме да ги увериме сите членови на ИСОС дека треба да се воздржат од присуство и да се воздржат од донесување на сериозни одлуки на Собранието закажано од страна на Надзорниот одбор на ИСОС, од причина што истото не е свикано во согласност со позитивно правните прописи и во спротивно ќе бидеме обврзани да бараме поништување на одлуките пред надлежните судови во РСМ. Искрено се надеваме дека до почетокот на годишните одмори ќе се донесат очекуваните измени на Законот за вршење на сметководство и сметководствени работи кои во целост ќе ги разрешат сите дилеми и прашања поврзани со работата на ИСОС, велат од УО на ИСОС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.