УНИБанка со голема чест се здоби со признание за особен придонес во развојот на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје.

Признанието ѝ беше доделено по повод 70-годишнината на Факултетот заради интензивните заложби на Банката да им помага на студентите нудејќи различни можности за обуки и вработувања на идните млади генерациии.

Кога станува збор за високото образование и квалитетот на кадрите потребен за одржување на развојот во многу сектори, УНИБанка секогаш била и ќе биде поддржувач на идејата за помагање на образовниот систем во земјата, заложувајќи се за подобра и поодржлива иднина, во која младите генерации ќе бидат дел од претприемаштвото и бизнис секторот. Ова ќе изигра клучна улога во базата на знаења и човечките ресурси потребни за промовирање и одржување на развојот во многу сектори во земјата.

Ваквото признание и укажаната чест од страна на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје, може да послужи како стимул не само за продолжување туку и за продлабочување на идната соработка со УНИБанка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.