„УНИБанка” прослави 15-годишнина на својата експозитура во Прилеп со елегантен коктел во ресторан „Кристал Палас”. На настанот присуствуваа над 100 клиенти, партнери и пријатели на банката од градот и од регионот.

Еве како изминаа 15 години од кога првиот клиент на експозитурата Прилеп го пречекори прагот на банката. Денес се радувам да видам дека јубилејот на нашата експозитура е и јубилеј на нашите клиенти и партнери. Заедно поминавме долг пат и со времето докажавме дека “УНИ Банка” е симбол на висок професионализам, лојалност и партнерство. Им благодарам на сите наши клиенти за довербата низ годините, како и на вработените во експозитура Прилеп кои што секојдневно бескомпромисно ги оддржуваат високите стандарди на “УНИБанка” – изјави раководителот на експозитура Прилеп, Кире Стевановски, по време на настанот.

Специјално за јубилејот, на прославата присуствуваа г-дин Делчо Крстев,член на УО и извршен директор на „УНИБанка”, г-ѓа Милка Тодорова,претседател на УО и извршен директор на „УНИ Банка” и г-дин Иво Зимоски, директор на дирекцијата „Мрежа на експозитури“.

Заедно со раководителот на експозитурата Прилеп, тие ја пресекоа тортата по повод јубилејот.Елегантниот коктел продолжи со музичките изведби на Теди и Рубин и прекрасен огномет кој што го обои небото над градот. До денес, мрежата на експозитури на банката во земјата брои 30 експозитури. Во регионот на Прилеп „УНИБанка” е веќе сигурен партнер наблизу 12.000 клиенти. Експозитурата управува со кредитно портфолио од 11 милиони евра и депозитно портфолио од 9,5 милиони евра. Главните дејности, за кои Банката обезбедува финансирање, се фокусираат на инвестициите во градежништвото, производството, трговијата, услугите, угостителството. Со ова, финансиската институција придонесува за развојот на бизнис климата во регионот и за реализација на нови проекти, со што директно и индиректно влијае врз стапката на вработеност преку обезбедување многу работни места.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.