На маргините на конференцијата „Вработување – Нијанси на сиво во Западен Балкан”, што се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина, министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари средби со министерот за труд и социјална помош од Косово и министерот за труд и социјална помош од Црна Гора Кемал Пуришќ.

На средбите разговаравме за унапредување на соработката помеѓу министерствата на повеќе полиња што ќе донесе подобри животни услови за граѓаните. Ги споделивме своите ставови и гледишта околу одредени теми кои се во заеднички интерес на нашите држави. Истакнав дека Македонија има простор за унапредување на политиката на вработување и максимален напор на државните институции во обезбедувањето фер и пристојни услови за развој, објави Мизрахи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.