Компаниите коишто аплицирале за државна помош за исплата на плата на вработените в понеделник ќе дознаат дали се меѓу оние коишто ги исполниле условите за добивање на помошта, рече во вечерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ на „Алсат“, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Како што наведе таа, списоците ќе бидат истакнати на интернет страната на УЈП и потсети дека терминот за апликација за април истекува утре.

Потоа ќе ги сортираме податоците, ќе ги обработиме и ќе составиме соодветна евиденциска листа до Генералниот секретаријат на Владата од каде што ќе се врши исплатата“, појасни Лукаревска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.