Сања Лукаревска трет ден молчи и не реагира за скандалот со кеш наплатите на фирмата на братот на Љупчо Николовски „Лариком Импекс“, која зема кеш без да издава фискални сметки, што е целосно нелегално и подлежи на казна, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Казна е мисловен поим кога станува збор за фирми од власта. Секој друг граѓанин да го направеше делото кое го направил братот на Николовски, до сега ќе го посетеа сите инспекции, ќе платеше казни, и ќе беше затворен.
Дали Сања Лукаревска молчи и мисли дека случајот со нелегалната наплата на „Лариком Импекс“ ќе се заборави? Дали институциите под раководство на СДСМ свесно молчат? Тие треба да знаат дека со нереагирање прават криминал, за кој ќе одговараат.
А Љупчо Николовски наместо да се крие во Влада, да покаже доблест и да си даде оставка, како институциите ќе можат да фо истражат случајот до крај, без да трпат притисоци од Николовски.
Истовремено ја повикуваме и ДКСК веднаш да отвори случај против Николовски и да се утврди дали „Лариком Импекс“ работела нелегално заради политичка заштита од Љупчо Николовски, велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.