Управата за јавни приходи соопшти дека на 31.05.2020 година истекува рокот за потврдување или коригирање на годишната даночна пријава.

По истекот на законскиот рок на 01.06.2020 година годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на годишната даночна пријава – потврдена или коригирана, соопштуваат од УЈП.

Од УЈП додаваат и дека на 1јуни службено ќе бидат потврдени и годишните даночни пријави коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени ниту коригирани.

Годишната даночна пријава којашто граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2019 година, стои во соопштението.

Од УЈП апелираат граѓаните кои оствариле приходи, а сѐ уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.