Од Управата за јавни приходи информираат дека граѓаните кои ја користат апликацијата „МојДДВ“ за враќање на данокот, треба да ја проверат дали е точна внесената трансакциска сметка, со цел во следниот месец да се изврши најавената исплата.

УЈП во декември 2019 година ќе изврши враќање на 15 отсто од платениот ДДВ на трансакциска сметка на граѓаните-корисници на апликацијата „МојДДВ“. За таа цел, за да може да се изврши точно и непречено враќање на данокот, ги повикуваме граѓаните кои се корисници на апликацијата „МојДДВ“, да извршат проверка на внесените податоци за трансакциска сметка или доколку не е внесена истата да ја внесат во апликацијата „МојДДВ“ за да им се изврши враќањето на данокот – велат од УЈП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.