И официјално УЈП ќе има пристап до приливите на граѓаните од банкарските сметки, откако владата на денешната седница ги усвои предлог-законите за изменување на законите а банки и за Управата за јавни приходи со кои се овозможува тоа.
Од Владата велат дека тоа на Управата ќе ѝ овозможи да ги добива потребните податоци за изработка на претпополнетите пријави за данок на личен доход. Со предлог-законите за изменување на законите за банки и за УЈП, исто така, се гарантира и повисока безбедност на податоците со користење на најнова технологија, односно енкрипција на податоците.
Измените се предлагаат со цел заштита на даночните обврзници во случаи каде е предвидено Управата за јавни приходи да добива податоци за приливите на сметките на обврзниците. Имено, Управата за јавни приходи меѓу другото ќе спроведува технички, организациски и други мерки за заштита на податоците обезбедени согласно овој и/или друг закон, со цел нивна заштита од губење, уништување, или недозволен пристап, неовластена примена и секаква друга злоупотреба. Овој нацрт текст на законот е усогласен со Дирекцијата за заштита на лични податоци, образложија од Министерството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.