Управата за јавни приходи денеска ги извести медиумите дека се изготвени три кривични пријави за правни лица во случајот „Рекет“ по извршените контроли во изминатиот период,
Станува збор за невладината организација на првообвинетиот Бојан Јовановски позната како Меѓународен сојуз, за „Томато продукција“ и БЈМ медиа Груп, која ја основаше 1ТВ и чиј сопственик е таткото на Боки 13, Миле Јовановски.
УЈП откако Обвинителството ја отвори истрагат за „Рекет“ истовремено го испитуваше во текот на есента работењето на субјектите поврзани со Боки 13. Самоиницијативно беше спроведена даночна контрола на нивното работење, односно дали за платите, хонорарите и за другите исплати бил плаќан данок.
Кривичните пријави ќе бидат испратени до Обвинителството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.