Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на прес-конференција информира дека кај дел од компаниите за кои беше утврдено дека ја злоупотребиле државната помош, веќе е извршена присилна наплата, додека кај други во тек е спроведување на дејства за присилна наплата.
Кај одредени компании пуштени се опомени и по извесниот рок на опомената се врши присилна наплата. Некаде веќе е завршена присилната наплата, односно се блокирани и одземени тие средства, а некаде се уште сме во фаза на спроведување на дејствија на присилна наплата – изјави Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање.
Таа соопшти дека во тек се интензивни контроли во соработка со Државниот инспекторат за труд за исплата на државната помош за ноември.
За ноември има поднесени 13.851 барање за 13.090 компании кои добиле помош, а се однесува за 65.537 вработени. Анализата ја правиме во делот на оваа ноемвриска плата дали е исплатена државната помош и за многу кратко ќе излеземе со информација – изјави Лукаревска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.