Директорката на УЈП, Сања Лукаревска денеска на прес-конференција во Владата уште еднаш апелираше до компаниите кои не ја исплатие ноемвриската плата на вравотените, а земале финансиска помош од државта, добиле опомени и рок од една седмица да исплатат.

Бројот на фирми кои не ја исплатиле ноемврсиката плата на вработените, а имаат земено финансиска помош од државата, се намалил од 29 декември до 31 декември. На сите компании кои не ја исплатиле платата, им е врачена опомена, и рок од една седмица. Во спротивно ќе следува присилна наплата, со блокада на сметките и префрлување на средства на вработените, рече Лукаревска.

Таа истакна дека има и неколку фирми кои не ја исплатиле и октомвриската плата, иако земале финансиска помош, и за нив ќе следуваат соодветни санкции.

Лукаревска напомена дека најголем број од фирмите кои не ги исплатиле платите се од Скопје, Тетово и Гостивар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.