Управата за јавни приоди го постави барањето за субвенциоирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за медиуми.
Од УЈП појаснуваат дека работодавачот – медиум за искористување на ова право треба да поднесе образец БС-ПЗСОM до Управата за јавни приходи преку системот е-Даноци, при што Управата за јавни приходи, во рок од пет дена од денот на доставувањето, ја потврдува комплетноста на барањето. На работодавачот – медиум за секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му се субвенционира 100 отсто од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување.
Начинот на пополнување на Барањето за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиуми – образец БС-ПЗСОМ е составен дел на барањето, односно е појаснет во Упатството за пополнување.
Согласно Уредбата со Законска сила за субвенционирање на износ за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиуми, работодавач-медиум може да ја користи мерката субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите кои работеле и известувале за надминување на состојбата со COVID -19 за времетраење на вонредната состојба, за месеците јуни , јули и август 2020.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.