Управата за јавни приходи (УЈП) од денеска почнува со контролите во фирмите на Бојан Јовановски и кај физичките и правните лица поврзани со случајот „Рекет“. Контролите завчера ги најви директорката на УЈП Сања Лукаревска.
Ќе постапиме во делот кој се однесува на даноците. Ќе ги контролираме Меѓународниот сојуз, 1ТВ, БМЈ груп и сите останати даночни обврзници за кои преку анализите сме утврдиле дека постоеле одредени деловни односи и соработка. Ќе направиме и контрола на сите засегнати физички лица во телата и органите на Меѓународниот сојуз за кои ќе ги утврдиме и исплатите кои се правени, рече Лукаревска на завчерашната прес-конференција.
Таа прецизира дека физичките лица ќе бидат контролирани по основ на остварените приходи и по основ на Законот за персонален данок, а останатите даночни обврзници преку ДДВ, данок на добивка, пресметки, деловни односи, задржан данок,…
Преку исплатите што ги правел Меѓународниот сојуз ќе видиме на чија сметка од физичките лица се легнати тие пари и дали воопшто се пријавени. Доколку се утврдат даночни затајувања УЈП ќе започне постапки за потекло на имот, кажа Лукаревска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.