Цените на угостителските услуги во мај во споредба со април се зголемени за 0.3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.2 %, Алкохолни пијалаци за 0.7 %, Безалкохолни пијалаци за 1.1 % и Ноќевања за 0.1 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во мај во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.4 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – мај 2021 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.3 %, додека во однос на декември 2020 година е зголемен за 0.1 %.с



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.