Пред неколку дена пред Владата угостителите и индустријата за организирање на свадби повторно излегоа на протест. Бараат донесување на протоколи за работа на рестораните за организирани настани.

Веќе неколкупати, рестораните ноќните клубови, заедно со останатите музичари, фотографи, студија за декорации, слаткарници, цвеќарници, шминкери и модни дизајнери, го изразуваат своето незадоволство со серија протести низ Скопје.

Истовремено, тие потенцираа дека се единствени субјекти кои имаат забрана за вршење дејност, додавајќи дека и покрај сите состаноци со владата, како што тврдат, не наишле на слух од другата страна.

Премиерот Заев презентирајќи го петтиот пакет мерки, во мерката број 8 презентираше помош од 1.3 милиони евра за транспортните компании за патници кои имаат пад од минимум 50%. Како што кажа, го парафразирам ‘државата директно ја ограничи со мерки нивната дејност и работење’. Па, зарем ситуацијата кај нас е поинаква? Ние немаме ограничувања во дејноста, кај нас е и полошо, ние имаме забрана за вршење на нашата примарна дејност за која сме ги отвориле објектите и доколку работиме кривично одговараме, рече угостителот Перица Голомеиќ.

Тие пет месеци нивните вработени ги исплаќале од сопствени средства, додека државата им помогнала за шест месеци.

Министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека во однос на угостителите што организираат свадби, имало директни грантови, со оглед на тоа што тие биле затворени со одлука на Владата.

Владата не ги носи протоколите, во повеќе наврати тоа сме го укажале, но секако дека има професионална комисија кои се експерти во делот на пандемијата и затоа ние секогаш ги почитуваме нивните предлози, во моментот кога ќе добиеме од нивна страна одреден протокол, секако дека ќе го усвоиме како Влада, рече Бектеши.

Инаку, угостителите и претхододната година повеќе пати протестираа дека мерките на владата не вродуваат со ефект и дека се недоволни но според нив владата уште еднаш покажала дека нема слух за нивните проблеми. Угостителсиот сектор вработува околу 30.000 лица во околу 6.000 објекти низ државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.