Од 21-ви месецов ќе се врати работното време на угостителските објекти до 21 часот, а сите останати мерки остануваат во сила, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче во однос на олабавувањето на мерките за заштита од Ковид-19.

Тој нагласи дека согласно со проценката на ситуацијата во текот на деновите до 21 јануари евентуално може да се разгледа барањето на угостителите за работа до 23 часот.

Работното време на угостителите од 18 декември е ограничено до 18 часот, како дел од превентивните мерки на Владата за спречување на натамошното ширење на Ковид-19 во тек на празниците.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.