Утостителите утре излегуваат на протест. Ќе ја блокираат раскрсницата на булеварот Александар Македонски во населбата Автокоманда од 14 до 17 часот.
Од Владата бараат протоколи за да можат да работат.
Ова за емисијата „10МИНУТИ“ во ТВ21 го изјави Перица Голомеиќ, сопственик на угостителски објект и еден од организаторите на утрешниот протест.
Не не опфатија во петтиот пакет на мерки како што очекувавме – рече Голомеиќ.
Тој објасни како ќе се одвива утрешниот протест.
Од 26 јули ни е воведна забрана за вршење на нашата примарна дејност, забрана за крштевка, свадба, коорперативен натан. Поради тоа ќе ја блокираме раскрсницата булевар Александар Македонски во Автокоманда од 14 до 17 часот, со цел да испратиме апел до Владата да ни издаде протокол за работа. Првенствено да работиме. И да ни помогне финансиски, затоа што ние ги плаќаме нашите обврски и веќе не можеме да продолжиме со тој интензитет – вели Голомеиќ.
На прашање колку помош добиле од државата и колкави се загубите, тој одговори:
Добивме парцијална помош за плати. Шест месеци државата, а пет месеци ние ги финансираме платите. Од тие причини ние излегуваме на протест, а излегуваат и од другите дејности како што сте музичари, фотографи, атељери за венчаница. Немаме делумна попреченост, ние сме 100% попречени, па загубите се огромни, неколку стотици илјади евра – рече Голомеиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.