Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски на денешната шрес-конференција информираше дека угостителите ќе бидат одговорни да бараат и лични карти од гостите, за да видат дали се од исто семејство, а со тоа, да ги сместат на маса со четири столици.
Казнувањето ќе почне по 10-дневната едукација која ја најави претседателка на Инспекциски совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, но, доколку се забележи дека и по едно укажување на угостител тој повторно прави прекршок, тој ќе се казни веднаш, рече Грашкоска.
Контролата ќе биде насочена кон кафетериите и угостителската дејност. Дали има 2 или 4 на маса, сигурно дека тоа е одговорност на оној кој треба да ги спроведува протоколите, а тоа се тие кои вршат угостителска дејност. Инспекторите се тие кои по укажувањата да постапуваат и да преземаат соодветни мерки. Од нашата свест и совест ќе зависи дали ќе се олеснуваат мерките. Протоколите се донесени за да ги спроведуваат угостителите и тие се одговорни да бараат лични карти, тие се одговорни да даваат соодветни места на тие кои ќе дојдат во нивните објекти и тие се тие кои треба да ги преземаат мерките кон протоколите. Келнерот, односно газдата на угостителскиот објект е тој кој треба да ги спроведува протоколите. Инспекторите нема да ви бараат лична карта, бидејќи ние вршиме контрола на угостителите, рече Грашкоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.