По донесувањето на Уредбата со која се дозволи одржување концерти, угостителите кои организираат свадби и прослави очекуваат наскоро да почнат со работа.

Но, како што соопштија денеска, ако не се усвојат препораките за нивно отворање, ќе го искористат своето право на протест.

Угостителите кои располагаат со големи сали за одржување прослави веќе пет месеци не остваруваат никаква економска активност поради што, велат, е загрозено нивото постоење и опстанок.

-Веќе е донесена Уредба на Владата со одлука за организирање концерти, отворени гранични премини и останати одлуки кои во себе содржат далеку поголем ризик од организиран настан, свадба или прослава. Очекуваме на претстојниот состанок Комисијата за заразни болести да донесе препораки за наше отворање. Состојбата на сите економски оператори кои директо и индиректно соглано природата на својата дејност се поврзани со угостителските објекти како музички групи, фотографи, компании кои вршат декорација, цвеќарници, златарници, ателјеа за изработка на костуми и венчаници е крајно тешка и неизвесна. Доколку не се донесат препораки за отворање ќе го искористиме нашето демократско право на протест за спас и егзистенција на вршителите на овие дејности и сите вработени, истакнува потпретседателот на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори, Мартин Ангеловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.