Независната угостителска комора како што соопшти преку својот Фејсбук профил утрово достави официјално барање до Комисијата за заразни болести за учество на угостителите во понеделничкиот работен состанок по повод најавата за целосено затворање или нови рестриктивни мерки наменети за работењето на угостителските објекти.
Со нашето учество бараме да ни се овозможи на лице место да ги слушнеме грижите и оправдувањата на членовите на Комисијата за заразни болести поради што бараат и сакаат да ги усвојат најавените рестриктивни мерки.
Очекуваме истовремено пред нивните одлуки и препораки да ги достават до Владата и да ги објават во медиумите да ни дозволат и овозможат на лице место да им укажеме за нивните недоследности, нелогичности, очекувани негативни ефекти и општествени последици не само за сите угостители и целокупната угостителска индустрија туку и за сите граѓани на нашата држава.
Со ова јавно и отворено барање, бараме наместо по којзнае кој пат повторно да се троши бесполезно време во парцијални и моментални ад хок одлуки за препораки за мерки со кои само ќе се усложни постојната состојба во угостителството без никаков здравствен ефект, Комисијата да ги засучи ракавите и да помогнат на угостителите и угостителската индустрија со тоа што времето ќе го потрошат во изработка на стратешка програма и стратегија со предлог мерки, решенија и т.н. протоколи наменети за целокупната угостителска индустрија за начините на работењето во наредната 2021 година, стои во нивното соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.