Во својот говор на синоќешниот протестен марш одржан во Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги повторни шесте барања на партијата – оставка од Оливер Спасовски, оставка од Никола Димитров, да престане пљачката на народот и да бидат повлечени законските одредби за покачување на даноците, крај на политичкиот прогон, почитување на волјата на народот јасно искажана на референдумот на 30 септември. Едно од шесте барања е и она за гасификација на Република Македонија.
–Веднаш рестартирање безусловно на проектот за целосна гасификација на Македонија. Затоа што вечерва твојата навидум гасифицирана Струмица, преку којашто правевте криминал додека управувате со општината е најзагадениот град во Република Македонија. Ниту има гасификација, ниту пак ќе има затоа што гасот го купувавте од твојот советник за енергетика и ортак во бизнисот, истакна Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.