Тутунарите од прилепско, кои веќе неколку дена протестираат за односот на откупувачите кои го девалвираат нивниот труд и им нудат многу помала цена од тоа што треба, so блокада на патот го сопреа министерот за земјоделство Арјанит Хоџа.
Тутунарите бараа од министерот да излезе од возилото за да разговараат со него, по што со свирежи ја проследија неговата одлука да го одбие нивното барање.
Тутунарите бараат да нема четврта класа при преземањето на годинашниот род бидејќи на откупните места проценителите манипулирале со со цената меѓу четвртата и третата класа и со тоа се намалува вкупната просечна откупна цена со што се обезвреднува нивниот труд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.