Жителите на општина Долнени се револтирани и незадоволни од цената на тутунот. Сметаат дека нивниот труд не може да се плати со оваа цена додавајќи дека годинава цената на тутунот е најниска. Настојуваат Владата да изнајде решение, потсетувајќи ја дека се наближуваат локалните и парламентарните избори.

Претставникот на тутунарите Мирсад Колашинац во репортажата на ТВ21 вели дека се соочуваат со бројни проблеми, а еден од нив е и тоа што на производителите им го враќаат назад тутунот со послаба класификација.

Жителите велат дека не е реализирано ниту едно од ветувањата на министерот кои ги дал на средбата со тутунарите. Тие по средбата го ставиле својот потпис на ова парче хартија каде се напишани точките со кои се согласиле, но иако писмото било изготвено од Министерството, сепак немало ниту печат, а ниту пак лого на ресорното министерство или Владата.


Целата репортажа на ТВ21 ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.