И покрај средбите со надлежните и одржаните протести пред Владата, маките на тутунопроизводителите продолжија.
Назадоволни од цената за килограм тутун од годинешната реколта, која кај откупувачите сега во просек изнесува 167,5 денари , што е пораст за само 2,5 денари последниов месец, тутунопроизводителите в среда ќе одат на нова средба со министерот за земјоделство Арјанит Хоџа.
„Бараме просечната цена да биде 200 денари. Значи од старт нашите барања се доставени и во министерството за земјоделство и кај премиерот. Откупувачите прифаќаат сѐ на збор, но кога ќе дојде до реализацијата на терен – нема реализација“ изјави Тони Ангелески од иницијативниот одбор на незадоволни тутунопроизводители.
На досегашните средби со министерот за земјоделство, на кои покрај тутунопроизводителите присуствува и откупувачите, е договорено одбитоците кои на почетокот на откупната сезона изнесуваа 10%, да се намалат на 5-6% за нетутунски материјали.
А, според Ангелески, министерот се заложил да ја провери и законската можност за укинување на 4 класа тутун, со што ќе пораснат цените при откупот кај останатите класи.
Но, тутунопроизводителите остануваат незадоволни од начинот на кој се цени нивниот производ при откупот. Велат моментално се оди на ценење спрема шифри, по мостри, а реално, 30 години наназад никогаш не се одело по мостри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.