Тутунарите немаат ни за леб, а власта мува не ја лази, реагираат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие посочуваа дека додека тутунарите секојдневно протестираат и се жалат за откупот на годинешната реколта на тутун, власта на Зоран Заев печали на трудот и потта на оваа категорија на граѓани, преку увозот на тутун. Тутунарите разочарани поради ниската откупна цена на тутунот, се закануваат дека целиот род ќе го запалат, а од страна министерството за земјоделие гледаме само лажни ветувања, а на дело нема никакво подобрување при цената за откуп. Оваа година еден килограм тутун вреди колку една кутија цигари, со овие пари тутунарите не можат ниту да ги исплатат досегашните трошоци за репроматријали, а не да имаат за преживување.
ВМРО-ДПМНЕ посочува дека над 10 илјади тутунари од целата земја се излажани и изиграни, а македонските земјоделци. ова не го заслужуваат.
Го повикуваме Зоран Заев веднаш да ги разгледа и прфати предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, кои претходно ги дадовме:
-Зголемување на субвенцијата за тутун за 100%, и таа да изнесува минимум 120 денари за четврта класа, до 180 денари за прва класа на тутун.
-Државата, да интервенира со обезбедување на дополнителни финансиски средства за откуп на произведената количина тутун.
-Да се забрани увоз на тутун за домашните преработувачки капацитети, со единствена цел да се преработува ориентален тутун од домашно производство.
-Ревидирање на мострите на ориентален тутун, во соработка со овластени и стручни претставници на тутунопроизводителите, откупувачите и МЗШВ
-Инспекторите од Државниот земјоделски инспекторат секојдневно да бидат распоредени на откупните места за да го контролираат процесот и текот на откупот, заедно со поверениците
Македонските земјоделци не заслужуваат ваков игноратски однос од страна на оваа ненародна власт. Изминативе месеци излажани беа и лозарите, оризопроизводителите, одлгледувачите на праски, нема земјоделец кој не ги почувствувал последиците од неработењето на оваа криминална власт.
За ова неодговорно работење од страна на премиерот во заминување, Зоран Заев земјоделците многу скоро ќе му дадат црвен картон, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.