Власта и министерството за земјоделие речиси никако да ја слушне маката на тутунарите.

Тие останаа глуви и слепи на сите барања до сега од страна на тутунарите од цената земја, особено за тутунарите од Прилепско битолскиот регион.

Тие денеска во знак на револт излегоа и на протест блокирајќи го патниот правец Прилеп-Битола, на излезот кон Скопје.

Тутунарите инаку бараат реална откупна цена, а досега се откупени само три проценти од 23 илјади тони тутун, по ниска цена.

Велат дека нема да отстапат од нивните барања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.