Тутунарите бараат средба со министерот за земјоделство уште утре, а не во петок. Тие по отворањето на пунктовите, повторно констатиралат нереална проценка на родот и непочитување на договореното од страна на откупувачите.

Ако средбата не се реализира, во среда, тутнарите најавија дека ќе има протести.

Откупувачите го излажаа министерот и целата јавност. Со тоа создадоа уште поголем револт и гнев кај тутунарите. Апелирам, тутунарите да не го даваат родот. Ќе одиме до крај. Бараме средба утре, како и со министерот за земјоделство да ги посетиме откупувачите. Ако не, ќе закажеме штрајк и в среда ќе има протести низ цела Македонија. Утре бараме да ни се дадат гаранции за до крјаот на откупот, а не постојано да има ситуација топло-ладно. Линијата да биде иста на целата територија на Макеоднија. Отстапки да нема за ниту еден откупувач, ниту за едно откупно место. Доколку не добиеме такви гаранции, в среда ќе има протести низ цела Македонија. Имаме поддршка од оризопроизводителите, од лозарите – вели Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на групата македонски тутунари.

Според Мирчески, обиколката на терен покажала дека освен Тутунскиот комбинат, но и другите откупувачи не го почитуваат договореното. Овен што проценката не е реална, се земаат и само пет отсто од првата берба, иако законски обврската е 30 проценти.

Договорот постигнат во петокот со откупувачите не се почитува и не се спроведува. Освен во градскиот откупен пункт на Тутунскиот комбинат-Прилеп каде има благо попуштање на линијата, другите откупувачи ја терааат истата ситуација. Сѐ што е договорено, излезе дека е лага – вели Мирчески.

Претседателот на Сојузот на земјоделски здруженија, Менде Стомнароски потврдува дека проценката не е реална, ниту се почитува договореното.

На терен работата не е како што се договоривме. Прво, сѐ уште се одбиваат нетутунски материјали, повеќе од договоренто, проценката повторно е нереална. Се зема само пет отсто првата берба, а законски е 30 проценти. Земаат на еден тон две кутии, другото, велат да се врати назад. Се слушнавме со министерот за земјоделство, бараме утре да дојде, да се појде во фирмите дирекно да преговараме. Доколку не сакаат, покрај што поверениците ќе стопираат и ќе пријавувата до второстепената комисија, ќе ги блокираме откупните компании – вели Стомнароски.

Од 23.000 тони тутун, досега се откупени само 1,6 насто. Во земјава од тутунот живеат околу 30.000 семејства.

Инаку, утре 15 декември е крајниот законскиот рок сите откупувачи да ги отворат пунктовите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.