Туристичките опаратори и агенции бележат огромен пад. Имено според државниот завод за статстика бројот на туристи во јануари 2021 година во однос на јануари 2020 година е намален за огромни 49,2 % додека бројот на ноќевања е намален за 40.7 %. Дополнително, бројот на ноќевања на домашни туристи во јануари 2021 година во однос на истиот месец 2020 година е намален за 15, 3 % додека бројот на ноќевања на странски туристи е намален за огромни 60. 2 %.
Туристичките работници во повеќе наврати изминатата година протестираа поради малата и несоодветна помош што ја добиват од државата. Владата се обиде со таканаречени ваучери да го крене туризмот но според аналитичарите и според газдите на туристичките агенции ова мерка не придонела многу за спас на туристичките агенции.

Тие стравуваат дека во пресрет на новата сезона дека и оние туристички оператори кои успеале некако да преживеат сега тоа ќе биде голем предизвик за нив поради ненавмремената имунизација во земјата и фактот дека Македонија се смета за земја со голем ризик поради големиот број на заболени од корона вирусот а тоа секако дека уште повеќе негативно ќе се одрази на туризмот.

Туристичкиот сектор вработува околу 5.000 семејства кои ќе останат без приходи доколку власта не направи конкретни мерки кои би дале сериозна поддршка за нивно преживување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.