Мерката „зелена нафта“ е тотално фијаско на оваа Влада, изјави денеска дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски.
Минатата година за прв пат почнаа да реализираат мерката и беше предвидено 30% да имаат земјоделците картици на кои што ќе подигнат зелена нафта. Само за ваша информација околу 25% од земјоделците не ги подигнаа ланските картици затоа што со 500 денари да патувате 10 километри до најблиската бензинска пумпа, пред се ќе изгубите време, а нема да компензирате ништо во вашиот трошок. Оваа година планот на министерството и на владата на Зоран Заев беше да поддршката биде 50%. Меѓутоа сведоци бевме владата првин ја качи акцизата, сега гледаме кратење на средствата од 100 милиони денари за оваа ставка. Едноставно тотално фијаско во мерката зелена нафта. На земјоделците им требаат реални проекти и мерки кои што ќе имаат удел во нивното производство и ќе компензираат некаков губиток. Ова што се случува во моментот е чист популизам, купување гласови пред избори, а земјоделецот ќе остане без решени проблеми, изјави Трипуновски при посетата на Крушевскиот регион,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.