Зоран Заев ја загрозува безбедноста и здравјето на граѓаните. Во текот на 2019 година во период од неколку месеци граѓаните јаделе не проверена храна. Објавувам документи во прилог кои го докажуваат тоа, вели Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Зоран Заев е човекот кој си игра со здравјето на граѓаните. Од извадок од Регистарот на ризици на АХВ, јасно стои дека во текот на 2019 година во тек на неколку месеци е прекинат континуитетот на мострирање по годишен план за мониторинг на храна од животинско потекло од увоз. Како причина е наведена неусогласеност во надлежноста на врвното раководство. Одговорност веднаш, пишува Трипуновски на Фејсбук и додава:
Прекинат е континуитетот и на земање мостри во рамките на мониторинг програмата за нус производи од животинско потекло поради прекин во постапката на јавна набавка. Контролата со која се фалат, дека ја извршиле, не е мониторинг, туку е контрола која е во форма на засилен надзор, врз основа на решенија поради состојбите во одредени земји извознички, и не се работи за редовен мониторинг кој мора да се спроведува согласно законот. Власта има пропусти во работењето и одговорност ќе има. Доколку не знаете и не разборате, г-дине Заев и Атанасов еве да ви објаснам. Мониторинг е вршење на планирани последователни набљудувања или мерења, со цел добивање на преглед на состојбата на усогласеност со прописите за храна и храна за животни, здравствената состојба на животните и благосостојба на животните. Таков мониторинг скоро половина година немало!“.
Власта си игра држава, потенцира тој, а граѓаните страдаат.
Не една, сто кривични поднесете, заканувајте се и заплашувајте, јас ќе ги обелоденам сите неправилности и криминали на СДСМ. Уште еднаш го повикувам ЈО по допрен глас да отвори постапка против врвот на власта. Доколку сепак нема правна разрешница, одговорност ќе има по 12 април, пишува Трипуновски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.