Цветан Трипуновски, претседател на Републичката комисија на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделство, шумарство и водостопанство вечерва во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа откри уште еден скандал поврзан со институцијата Македонски шуми, укажувајќи додека граѓаните уплаќаат за дрвна маса, чекаат да добијат дрва за греење за на крај да не ги добијат, македонското стопанство од Свети Николе склучила договор со една приватна компанија од Скопје, чии сопственик е близок до власта на СДСМ.
Во изминативе години Македонски шуми како институција која што е одговорна за снабдување на населението со дрвна маса, тоа што дозволија да изгори половина држава е една работа, а втората работа е тоа што се обидуваат да го опустошат ова национално богатство. Јас колку што имам податоци во делот на пожарите се опфатија околу 50.000 метри кубни шума ширум Република Македонија. Тоа е половина од вкупната потреба на годишно ниво за задоволување на дрвна маса на македонското население. Е сега го имате македонски шуми кое што го сметаат за загубар, кој што не можат плата да поделат, па владата позајмува итн. Од друга страна изгореа шуми, а немаше никаква реакција ниту од Македонски шуми, ниту од власта, ниту од надлежните други институции, но затоа сега откако заврши таа страшна слика и тој немил настан еве повторно ќе обелоденам уште една ситуација која што се случува во Македонски шуми, рече тој.
Трипуновски објасни дека сомнително во овој договор е што фирмата треба да исечи некаде околу 3.100 метри кубен по цена како што стои во договорот од 300 до 700 денари за метар кубен, додека како што рече тој актуелните ценовници на Македонски шуми за истата дрвна маса се продава 2.372 денари за метар кубен, што значи дека 90 процени пониска сума во договорот од тоа што е реална сума.
Имено, Македонски шуми склучува договори со приватни фирми кои што треба да вршат сеча на дрвната маса. Пред мене го имам Договорот кој што го има склучено шумското стопанство од Свети Николе со една приватна компанија од Скопје. Сопствениот на оваа приватна компанија е близок до власта на СДСМ. Што е сега спорно и сомнително во целата работа? Сомнително е што македонски шуми, приватните шуми и националните шуми ги дава на приватна компанија да ги сечат овие шуми. Во овој договор кој што го имам пред мене, оваа компанија треба да исече некаде 3.100 метри кубни дрвна маса, цената која што е спомната во овој договор се движи од 300 до 700 денари за метар кубен. Но, ако ги погледнеме актуелните ценовниците на Македонски шуми истата дрвна маса се продава од 2.372 денари за метар кубен, или во приватните складови цената стигнува до 4.000 денари. Значи имаме 90 проценти пониска сума во договорот од тоа што е реална сума. Значи овде некој со амин на власта дозволува оваа компанија да направи 200.000 евра брзи пари на терет на националното богатство шуми во Република Македонија, нагласи Трипуновски.
Трипуновски праша никој не презема одговорност и зошто се молчи за ова и зошто првиот антикорупционер не одговори што се случува.
Прашањето до оваа криминогена власт е зошто сите молчат за ова. Зошто никој не презема одговорност, каде е премиерот, каде е антикорупционерот кој што треба да застане и да каже зошто се случува ова. Додека граѓаните плаќаат дрвна маса и чекаат со месеци за на крај да не ги добијат дрвјата, некој се богати на ваков начин. Ги убедуваа граѓаните дека треба да се преориентираат на печки на палети за да ја заштитат животната средина, но од друга страна гледаме дека се профитира и на тој начин. Тоа е она што е карактеристика во владеењето на СДСМ, праша Трипуновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.