Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ денеска беше посета на Ресен каде што имал средба со овоштарите од овој регион.

Она што сакам да го истакнам и да ја запознам македонската јавност, дека иако Владата на СДСМ и Зоран Заев во предизборието 2016-та и на локалните 2017-та година се редеа сите, од Зоран Заев до Шекеринска и ветуваа дека откупувачи ќе се тепаат за квалитетното македонското јаболко дека ќе ги кренат откупните цени, денес за жал ситуацијата е повеќе од очајна, затоа што индустриското јаболко се откупува за мизерни 2 денари, а за конзумното никој не ни спомнува, иако цената и таму е многу ниска, рентабилност нема никаква.

Она што исто така сакам да го истакнам е во делот на обештетувањето кое го ветуваше Заев дека ќе ги исплати на земјоделците од овој регион и тоа се уште не е реализирано, рече Трипуновски.

Тој ги спомна неисплатените субвенции кои што земјоделците со нетрпение ги очекуваат за да ги покријат сите како лошите економски состојби, односно лошата рентабилност со производството на јаболка.

Не е само овоштарството, не е само земјоделието во Република Македонија клекнато на колена. Позади нас се наоѓаме и во Стење, позади нас е Преспанското езеро, каде што од година во година е во целосно исчезнување, речиси две години никој од актуелната власт никој од ресорните министерства, не презема никаква активност за да се зачува ова природно богатство, езерото е во изумирање а власта единствено што се грижи е за луксузот кој што го ужива на државен трошок.

Затоа сакам да истакнам и да упатам една порака, време е да се одбере промена во Република Македонија, време е да се одберат проекти кои што ќе значат просперитет и на Ресен и на Република Македонија, просперитет и на земјоделците во Република Македонија, да избереме просперитет наместо стагнација како што беа изминативе четири години со владеењето на СДСМ и на локално ниво во Ресен и на централно ниво низ цела Република Македонија, рече Трипуновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.