Зборев со чичко Томе, човек кој животот го поминал заработувајќи со своите две раце од оваа македонска земја. На чесен и честит начин. Кажува како било порано како е сега, пишува на Фејсбук дополнителниот заменик министер за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Му се гади од бандитизмот на власта, криминалот и корупцијата во секоја пора на општеството. Додека Заев диктира судски пресуди и крои обвиненија по негов терк, граѓаните низ Македонија ја живеат тешката реалност секој ден. Младите се иселуваат, ни се испразнија и селата и градовите. Платите се ниски, а даноците високи. Откупот е слаб, а цените уште послаби. Ова мора да се промени. Потребна е обнова, вели Трипуновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.