Се наоѓаме на прагот на локалните избори на кои што се судбоносни. Јас ќе потенцирам дека овие избори на 17 октомври се едни од најважните избори за Република Македонија и за општина Конче. Се наоѓаме на еден крстопат каде што треба да одлучиме дали ќе имаме промени или ќе останеме како што бевме изминатите четири години, порача Цветан Трипуновски, претседател на Републичката комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Трипуновски изјави дека наместо живот, како што ветуваа СДСМ уште во 2017 година, тие донеле беда, глад, а македонското земјоделство со нив го допрело дното.

Но, пред да продолжам морам да потсетам што се` СДСМ ветуваа во предизборието во 2017 година. Тогаш, Зоран Заев ветуваше сигурен пласман и високи откупни цени, ветуваа дека откупувачите ќе се тепаат кој прв да го земе квалитетниот земјоделски производ, дека ќе плаќаат огромни цени, ветуваа гарантни фондови коишто државата ќе ги обезбеди за да може да им помогне на земјоделците во тешките моменти. Ветуваа милиони инвестиции во водостопанството. Ветуваа живот, а она што го донесоа е беда, глад и неживот – истакна Трипуновски.

Тој додаде дека реалноста е сосема поинаква, дека сме сведоци на тоа дека нема земјоделските гранка ширум Република Македонија којашто не го допре дното, без оглед дали се зборува за лозарите, за оризарите, дали за градинарите, или тутунарите.

Нема редовна исплата на субвенциите, нема инвестиции, нема модерно земјоделско производство. Сведоци бевме дека многу земјоделски производи завршија на буништата ширум државата, наместо на светските пазари. Едноставно кажано македонското земјоделство го допре дното – потенцираше Трипуновски.

Тој истакна дека актуелниот градоначалник на Конче од СДСМ, не застанал зад земјоделците и порача дека затоа граѓаните треба да го испратат во историјата, бидејќи заслужуваат човек за градоначалник кој од општина Конче ќе направи модерно место за живеење.

Трипуновски порача дека овие избори се почеток на крајот на СДСМ.

На овие избори треба да почне падот на СДМС. Овие избори треба да бидат почетокот на крајот на Зоран Заев.

 

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира идната влада и заедно со локалната самоуправа ќе ја води државата напред. Стоиме пред вас и даваме ветување дека првата работа која што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи како идна влада е измена на постојниот закон за тутун и ќе забраниме увоз на тутун до моментот додека не се откупи последното ливче македонски тутун.

 

На 17 октомври со заокружување на бројот 7 создаваме нова иднина за сите земјоделци ширум Република Македонија – истакна Трипуновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.